Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Chronicles 22

:
Macedonian - 1990
1 И рече Давид: »Еве го домот на Господа Бога, еве го и жртвеникот за сепаленици на Израилот.«
2 Па заповеда Давид да ги соберат придојдените, што беа во земјата Израилска и одреди каменоделци да делкаат камења за изградба на дом Божји.
3 Давид подготви уште многу железо за шајки по крилата на вратите и за куки, и многу бакар без мерка,
4 и кедрово дрво без број, зашто Сидонците и Тирците му доставија на Давида многу кедрово дрво.
5 И рече Давид: »Синот мој Соломон е млад и слаб, а домот, што ќе се гради за Господа, треба да биде многу величествен, за слава и за приказ по сите земји; затоа јас ќе му приготвам сѐ што треба за него.« И приготви Давид до смртта своја многу.
6 И го повика синот свој Соломон и му заповеда да изгради дом на Господа, Бога Израилев.
7 И му рече Давид на Соломона: »Сине, имав на срце да изградам дом на името на мојот Господ, Бог,
8 но би кон мене словото Господово и ми се рече: ‚Ти си пролеал многу крв и си водел големи војни; ти не бива да градиш дом на името Мое, зашто си пролеал многу крв на земјата пред лицето Мое.
9 Еве, ќе ти се роди син: тој ќе биде мирен човек; ќе му дадам спокојство од сите околни напријатели, затоа името негово ќе биде Соломон. Во неговите дни ќе му дадам на Израилот мир и спокојство.
10 Тој ќе изгради дом на името Мое и ќе ми биде син, а Јас нему татко, и така ќе го зацврсти престолот на царството негово над Израилот довека.‘
11 А сега, сине, Господ нека биде со тебе, та да имаш благослов и да Му изградиш дом на Господа, твојот Бог, според тоа како што Он рече за тебе.
12 Да ти даде Господ мудрост и разум и да те постави над Израилот; и запази го законот на Господа, твојот Бог!
13 Така ќе имаш успех, кога ќе земеш да ги извршуваш наредбите и законите, што Господ му ги заповеда на Мојсеја за Израилот. Биде цврст и храбар, не плаши се и не паѓај со духот!
14 И еве, јас при скудноста своја приготвив за домот Господов сто илјади таланти злато, илјада таланти сребро, а бакарот и железото мерка немаат, зашто се во големи количин; дрва и камења исто така подготвив, а ти придодај уште кон тоа.
15 Имаш многу работници, и каменоделци, и резбари, и дрводелци, и вешти луѓе за секаква работа.
16 Злато, сребро, бакар и железо без број; продолжи и работи; Господ ќе биде со тебе.«
17 И им заповеда Давид на сите кнезови израилски да му помагаат на синот негов Соломона:
18 »Зар не е со вас Господ, Бог наш, Кој ви даде спокојство од секаде? Оти Он ги предаде во мои раце жителите на оваа земја, и земјата се покори пред Господа и пред Неговиот народ.
19 И така, расположете го срцето свое и душата своја, за да Го побарате Господа, вашиот Бог. Станете и изградете светилиште на Господа Бога, за да го пренесете ковчегот на заветот Господов и свештените садови Божји во домот, што ќе се гради на името Господово!«